Американците да избегнуваат да патуваат со крузери, апелираат властите на САД

Во предупредувањето се вели дека доколку заминат на крузер, американските граѓани можат да бидат подложни на рестрикции од патувања во странство и карантини.

Администрацијата на САД препорача Американците да избегнуваат крузерски патувања, предупредувајќи дека на такви патувања постои голем ризик да се добие инфекција од коронавирус.

Во предупредувањето се вели дека доколку заминат на крузер, американските граѓани можат да бидат подложни на рестрикции од патувања во странство и карантини.

-Државјаните на САД, посебно патниците со здравствени проблеми, да не одат на патувања со крузер, соопштија од Стејт департментот.

Се додава дека Американците не треба да се надеваат на евакуација ако други земји ги стават во карантин.

Предупредувањето дојде откако властите во САД прават напори да изолираат десетици случаи на коронавирус во крузерот „Гранд принцес” кој минатата недела пристигна на брегот на Сан Франциско.

Во бродот се дијагностицирани 21 случај на инфекција. Пловилото денеска е на пат да пристане во Оукленд, град на источниот дел од Сан Франциско Залив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот