Американците анализирале снимки, еве зошто замокот на Ким Џонг-ун им го привлече вниманието (ФОТО)

Сателитските снимки кои го прикажуваат неодамнешното движење на луксузните бродови кои ги користи севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и неговите блиски, во близина на Вонсан, наведуваат дека тој бил во тој приморски ресорт.

Шпекулациите за здравјето на Ким и тоа каде се наоѓа се засилени откако тој не присуствувал на прославата по повод роденденот на Ким Ил Сунг, 15 април, кој е најважен национален празник.

Интернет страницата за следење на Северна Кореја НК ПРО прикажала вчера комерцијални сателитски снимки на кои се гледаат бродовите кои Ким често ги користи, што сугерира дека тој можеби се наоѓа во областа Вонсан.

Претходно минатата недела беше објавен извештај на проектот за следење на Северна Кореја со седиште во САД, за сателитските снимки за она што се верува дека е личниот воз на Ким кој се наоѓа на станица резервирана за негова употреба кај вилата во Вонсан.

Властите во Јужна Кореја и САД наведуваат дека можно е Ким да е таму за да избега од изложеноста на коронавирусот.

Во приморската населба во Вонсан, на источниот брег, Ким има вила за гости, приватна плажа, кошаркарски терен и приватна железничка станица, наведуваат експертите и може да се види на сателитските снимки.

– Тоа е една од неговите омилени куќи, изјавил Мајкл Меден, експерт за лидери на Северна Кореја во американскиот ентар Стимсон.

Вонсан е добро позициониран, па му овозможува на Ким лесно да патува во останатите подрачја низ источниот брег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот