Американците во шок поради Ѓоковиќ: Можеше да ужива во фенси хотел, но тој одлучи да биде најпријатната ѕвезда на Игрите

Фото: EPA

Во еден момент тој тренира заедно со белгиски гимнастичарки, во нареден разговара со бразилски одбојкарки, потоа руча заедно со мексикански кревач на тегови и им дели совети на спортистите од Турција.

 

Според тоа што се објавува на социјалните мрежи во првите денови од Токио, најдобриот светски тенисер е најверојатно најпопуларната личност во олимпиското село.


Вака го започнува текстот, новинарот на „USA Today“, Ден Вокен, кој со одредена доза на чудење прашува зошто Ѓоковиќ не избра комфорност за време на престојот на Игрите во Токио.

„За мене тоа е фантастично искуство. Одлично е што гледам дека постојат многу спортисти кои ги респектираат тенисерите и го следат тенисот. Тука сме како претставници на своите земји и своите спортови и фантастично е искуството да се биде во близина на најдобрите спортисти на светот, да се гледа како тренираат, како се опоравуваат, што јадат, што мислат за животот, за спортот но и како разменуваат искуства и совети. Прекрасно е, многу е забавно“, ги цитира новинарот Вокен, зборовите на Новак Ѓоковиќ.


Според новинарот Вокен, Новак не е било каков спортист.
„Освои 20 грен слем титули со што се израмни со Рожер Федерер и Рафаел Надал. За време на кариерата заработи повеќе од 150 милиони долари само од наградите на турнирите. Најверојатно ќе стане најдобриот тенисер во историјата и најверојатно е најпознатиот спортист во олимпиското село. Во такви ситуации на Ѓоковиќ би му било полесно да престојува во отмен и фенси хотел каде би можел да има приватност. На крајот, главната цел зошто е во Токио е можноста да стане првиот тенисер во историјата кој го освоил „златниот слем“ доколку победи во Токио и на УС Опен“, пишува Вокен во својот текст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот