Американците ќе градат филмско студио во вселената, првата улога на Том Круз

Фото: Pixabay/Профимедиа

Space Entertainment Enterprise (SEE), компанија која е копродуцент на филмот кој Том Круз сака да го сними во вселената, планира да покрене спортска арена и продукциско студио во нулта гравитацијата.

Според пишувањето на „Вариети“, С.Е.Е. ги открила плановите за изградба на модул за вселенска станица со простор кој ќе биде наменет за спортски и забавни содржини, како и студиски простор што ќе го користи за производство на сопствените проекти, но кој исто така ќе се изнајмува и на други заинтересирани ентузијасти. Овие планови, како што е објавено, треба да се реализираат до декември 2024 година.

Под називот SEE-1, модулот е наменет за филмски, телевизиски, музички и спортски настани, како и за уметници, продуценти и креативци кои сакаат да создаваат содржини во вселената, а објектите ќе овозможат развој, продукција, снимање, емитување и во живо стриминг на настани.

Во „кинематската вселенска трка“ Русија води во однос на САД, кои најавија исто така снимање на филм во вселената вреден 200 милиони долари.

Актерката Јулија Пересиљд и режисерот Клим Шипенко, имено, се вивнаа во вселената на 5 октомври минатата година, каде поминаа 12 дена во мисија за снимање на „Предизвикот“ (The Challenge). Станува збор за „вселенска драма“ за руска лекарка која е испратена во Меѓународната вселенска станица да го спаси животот на астронаут. Тој филм се очекува да излезе оваа година.

Станицата ќе ја изгради Axiom Space, која пред две години доби договор со НАСА за изградба на првиот комерцијален ISS модул. Сè оди добро, SEE-1 ќе биде поврзан со кракот на ISS на Axiom. Планирано е станицата Аксиом да се одвои од ISS во 2028 година со SEE-1 сè уште прикачен.

Модулот на руското вселенско летало Сојуз МС-18 успешно слета на 17 октомври 2021 година, а екипата не го криеше воодушевувањето што снимиле кадрови во нулта гравитација за првиот филм кој е снимен во вселената.

Од друга страна, во јули 2020 година беше објавено дека холивудската ѕвезда Том Круз и режисерот Даг Лиман планираат да снимаат долгометражен филм во вселената, и тоа во соработка со „Спејс Икс“ на Илон Маск и НАСА.
Извори блиски до порталот „Вариети“ тогаш тврдеа дека буџетот на овој филм би бил најмалку 200 милиони долари, додека Том Круз (кој ќе биде и продуцент) според проценките би заработил меѓу 30 и 60 милиони долари. Меѓутоа, датумот на почетокот на снимањето на овој филм сè уште не е соопштен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот