Американците и талибанците на прва среба по 15 август

Доха/Фото: Hasan Zaidi / Alamy / Alamy / Profimedia

Претставници на авганистанските власти и американската администрација се сретнаа вчера во Доха, главниот град на Катар, што беше нивна прва средба откако американските војници се повлекоа од Авганистан на 15 август.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Кабул и Вашингтон, спроведувањето на договорот од Доха, хуманитарната помош и авганистанските средства замрзнати од САД, изјави Амир Кан Мутаки, министер за надворешни работи во привремениот талибански кабинет, јави Андолија.

– Ние јасно им кажавме дека обидот за дестабилизација на владата во Авганистан не е добар за никого, рече Мутаки за државната авганистанска новинска агенција Бахтар по разговорите.

Висок американски функционер рече дека на состанокот со талибанската делегација не било покренато прашање за признавање на талибанската влада.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот