Американци уапсени во Скопје, дивееле во локал и сакале да го тепаат сопственикот

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Двајца млади државјани се уапсени вчера рано наутро во скопската населба Козле, откако кршеле во угостителски објект и се обиделе да се пресметаат со сопственикот, соопшти МВР.

„На 06.12.2021 во 02.00 часот на ул.„Миле Поп .Јорданов” во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ф.(30) и Е.Џ.Ш.(27), двајцата од САД, затоа што претходно се однесувале агресивно и оштетиле дел од инвентарот во угостителски објект на наведената улица, а се обиделе и физички да го нападнат сопственикот“, се вели во полицискиот билтен.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот