АМЕРИКА ПРИЗНА: Му понудивме милиони на капетанот за да ни го предаде танкерот

Стејт Департментот потврди дека му понудиле милиони долари на капетанот на иранскиот танкер за превоз на нафта, кој се наоѓа во центарот на вниманието на дипломатскиот конфликт.

Брајан Хук, шеф на акционите групи за Иран, му испратил мејл на капетанот на бродот „Адријан Дарија 1“ со предло танкерот да отплови некде каде САД би можеле да го запленат, пишува Би-Би-Си.

Постоеле и сомненија дека тоа пловило пренесувало нафта во Сирија, а британските власти привремено го заробија во Гибралтар во јули.

Танкерот минатиот месец е ослободен откако Иран дал гаранции за својата локација.

Американското министерство за правда, кое се обидело да го блокира пуштањето, тогаш издало налог за одземање на танкерот.

Извештајот за парична понуда најпрво се појави во „Фајненшал Тајмс“ во средата, за потоа да стигне и потврда од Стејт департмент.

Според „Фајненшал Тајмс“, Хук му испратил мејл на индискиот капетан „Адријан Дарија 1“, Акилеша Кумара, пред да му се воведат санкции на бродот, тврдејќи дека администрацијата на Трамп била подготвена да му плати на капетанот неколку милиони долари за бродот да биде префрлен некаде каде американските власти би можеле да го запленат.

Во пораките наводно се наоѓал и телефонскиот број од Стејт Департментот, за капетанот да не мисли дека е во прашање измама.

Капетанот Кумар ги игнорирал мејловите. Од САД тогаш лично му наметнале санкции, кога на црната листа го ставиле и „Адријан Дарија 1“.

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф го обвини САД на Твитер за „отворено подмитување“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот