Америка одобри продажба на 16 воени бродови: „Нема да се наруши балансот на силите“

„Марк 6“ се најновите воени бродови кое се појавија во 2016 година во рамки на американската морнарица.

Американскиот Стејт департмент издал одобрение на Украина да и продаде 16 нови воени бродови во вкупна вредност од 600 милиони долари.

Пентагон ваквото соопштение го проследи со оценка дека оваа трансакција нема да го наруши односот на силите во регионот.

Како што се прецизира, станува збор за 16 бродови од типот „марк 6“, а покрај тоа, Украина ќе купи и 32 автоматски митралези „шихок А2“, 20 оптички морски радари, но и 16 системи за препознавање на непријателот, како и 40 рачни митралези МК44.

Од Пентагон велат дека со набавката на ова вооружување ќе зајакне воената моќ на Украина со цел земјата да може да се одбрани од потенцијални закани со „најсовремени брзи воени бродови со краток радиус на делување.

Покрај тоа, американските воени претставници сметаат дека Украина на овој начин ќе стане многу поефикасна во одбраната на своите територијални води, но и сопствените интереси на море.

Медиумите потсетуваат дека еден дел опрема Украина и претходно доби од Америка, а станува збор за радарски системи, додека овие воени бродови за прв пат се во рацете на украинската морнарица.

„Марк 6“ се најновите воени бродови кое се појавија во 2016 година во рамки на американската морнарица. Тие се опремени со митралези со калибар од 25 милиметри, како и со оптички систем за нишанење. Екипажот го сочинуваат десет лица.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот