АМЕРИКА НЕ ИМ ДАЛА ВИЗИ: Доаѓањето на Рохани и Зариф на Генералното заседание на ОН доведено во прашање!

Фото: EPA/ Abedin Taherkenareh

Иранскиот претседател Хасан Рохани, како и министерот за надворешни работу Мухамед Џавад Зариф можеби нема да одат на заседанието на Генералното собрание на Обединетите Нации (ОН), бидејќи од САД се уште им немаат издадено визи, соопшти иранската државна новинска агенција ИРНА.

Во текстот на ИРНА стои дека Зариф требало да отпатува во САД во петокот, а претседателот Рохани да дојде во понеделник.

Постоеле и шпекулации дека претседателите на Иран и САД ќе се сретнат на маргините на заседанието, што подоцна беше демантирано.

Нападот на нафтна рафинерија во Саудиска Арабија дополнително ги зголеми тензиите, бидејќи САД го обвинија Иран дека стојат зад нападот, иако јеменската бунтовничка група Хути ја презеде одговорноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот