Америка му воведе санкции на поранешниот парагвајски претседател Орасио Картес

Фото: Претседателство на Аргентина (Casa Rosada) / Wikipedia

Американското Министерство за финансии денеска воведе санкции против поранешниот претседател на Парагвај, Орасио Картес, и актуелниот потпретседател Уго Веласкез поради „широко распространета корупција што ги поткопува демократските институции“.

Санкциите се воведени за четири ентитети во сопственост или управувани од Картес, кој е обвинет за коруптивни активности пред, за време и по неговиот мандат како претседател. Санкциите значат дека целиот имот на Картес и Веласкез во САД е запленет и замрзнат.

Картес е лидер на владејачката партија Колорадо и е клучен поддржувач на кандидатот на овогодишните претседателски избори.

Според американското Министерство за финансии, Картес се приклучил на партијата Колорадо во 2009 година, обезбедувајќи финансиска помош и други стимулации за да ја наведе партијата да изврши промена во законодавството што ќе му овозможи да биде кандидат за претседател.

Тој, исто така, платил до 10.000 долари на членовите на партијата за да ја поддржат неговата кандидатура пред изборите во 2013 година, тврдат американските власти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот