Америка има намера да ја казни Европа преку извозот на пивото

Крафт-пиво. / Фото: Архива ан Слободен печат

Претставникот на пиварите изјави дека испораката на пиво во САД сочинува 30 отсто од вкупниот извоз, надвор од границите на Европа.

Извозот на пиво од Европа во САД би можело да биде во потполност прекинат доколку САД ги одобрат новите царини.

Ова го изјави генералниот секретар на Европското здружение на пивари, Оливие Бержерон. Управата на американските Трговски претставници соопшти дека има намера да воведе стопроцентна царина на увоз на производи од Франција, Германија, Шпанија и Велика Британија, како што се маслинки, џин и пиво.

Исто така планираат да ги зголемат постоечките такси на увоз на европско сирење, јогурт и авиони.

Претставникот на пиварите изјави дека испораката на пиво во САД сочинува 30 отсто од вкупниот извоз, надвор од границите на Европа.

– Најавените американски соотстотни царини се изненадувачки. Претходно планираа да воведат царини на безалкохолното пиво. Царините во овој обем се без преседан, а тоа би можело да „пресуши“ голем дел од извозот, вели Бержерон.

Според неговото мислење, од ваквиот чекор најмногу ќе настрадаат малите и средни производители на пиво.

– Големите компании имаат производствени капацитети во САД, и тие нема да претрпат штети. Но за голем број мали и средни производители ова ќе биде катастрофа, додава тој.

Минатата година Светската трговска организација одобри воведување на царина на артикли од Европа во вредност од 7,5 милијарди долари. Европската унија побара од СТО дозвола за воведување царини на американски производи во вредност од 11,2 милијарди долари. Организацијата би требало да донесе одлука во јули. Експертите сметаат дека зголемените несогласувања може да доведат до трговска војна меѓу САД и ЕУ.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот