Америка им помогна на сојузничките сили да заземат стратешка територија во Сирија

Руска и американска војска во Сирија/ Фото Delil SOULEIMAN / AFP / Profimedia

Американската армија во Сирија, по смената на раководството во земјата, им помогнала на своите сојузнички сили да окупираат важни територии, пишува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на неименуван извор.

„Американските вооружени сили, кои бројат околу 800 војници на различни локации во Источна Сирија, ги координираа акциите на сојузничките формации и им овозможија да заземат стратешка територија“, пишува весникот.

Од крајот на ноември, вооружените групи зазедоа неколку големи градови во Сирија, вклучувајќи го и Дамаск. Претседателот на земјата, Башар ал Асад, според руското Министерство за надворешни работи, водел преговори со дел од учесниците во конфликтот, при што одлучил да поднесе оставка и да ја напушти земјата.

Русија не учествуваше во овие преговори. Подоцна, извор од Кремљ изјави за руските медиуми дека Асад и членовите на неговото семејство пристигнале во Москва, која им дала азил од хуманитарни причини.

Соговорник за руските медиуми истакна дека руските претставници се во контакт со претставници на вооружената сириска опозиција, чии лидери ја гарантирале безбедноста на руските воени бази и дипломатските институции во Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот