АМЕРИКА ГО ОБВИНИ ИРАН ЗА НАПАД НА ТАНКЕРИ: Пентагон ги објасни плановите за испраќање на нова војска!
Војската на САД ја обвини иранската Револуционерна гарда дека е директно одговорна за напади на танкери во Обединетите Арапски Емирати нешто порано овој месец, опишувајќи го тоа како дел од „кампањата“ на Техеран која поттика нови акции на САД.
„Нападот на танкерите е дело на Иранската Револуционерна Гарда“, соопшти контраадмиранот Мајкл Гилдај, додавајќи дека Пентагон обвинува и дека Гардата користела поморски мини во тој напад.
Pentagon accuses Iran's Revolutionary Guards over tanker attacks https://t.co/PFKbf4J6MK
— The Daily Star Lebanon (@DailyStarLeb) May 24, 2019
Тој одби да го опише начинот на доставување на мините, пренесуваат тамошните медиуми.
Овие коментари Гилдај ги изнесе на информиративен состанок на Пентагон за да се објаснат плановите за испраќање на нови трупи на војници на Блискиот исток, како и инженери, за да се зајакне американската одбрана.