Амди Бајрам: Гледаат дури и кога ќе трепнам, по четири часа на инфузија дојдов право во Собрание

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Пратеникот и претседател на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, деновиве повторно беше мета на медиумите поради неговата дремка во Собрание, и тоа на свечената седница на која се гласаше Законот за ратификација на Протоколот за НАТО.  Дремката на Бајрам ја фати и објективот на нашиот фоторепортер, а веста брзо се прошири на социјалните мрежи, по што следеа и борјни коментари.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Сепак, како што за „Фокус“ изјави Бајрам, вистината е сосема поинаква, бидејќи тој две недели бил во доста лоша здравствена состојба.

-Многу вредам, па затоа постојано ме пишуваат и гледаат дури и кога ќе трепнам! Јас секој ден сум во дневна болница, кој не верува може и да провери, со терапија, тешка бронхопневмонија, ама собрав сили и ги испочитував и НАТО и сите процедури. Да беше некој друг со мојата дијагноза, тешко дека ќе дојдеше во Собрание. Но, собрав сили, по четири часа на инфузија дојдов право во Собрание. Имав многу силно воспаление, но и тоа не ме спречи да дојдам на свечената седница за ратификација на Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО – појаснува пратеникот.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот