Амбициозната мајка ќе му ја упропасти кариерата, поради неа остана без репрезентација

EPA-EFE/YOAN VALAT

Адриен Рабио е еден од најдобрите млади француски фудбалери кои заедно со Килијан Мбапе треба да ги предводат „триколорите“ наредната деценија. Но додека Мбапе го оправдува епитетот и секојдневните игри, Рбио е негова спротивност и тоа само поради неговиот темперамент и амбициозната мајка.

Селекторот Дидие Дешан на стартот од квалификациите за пласман ан ЕП 2020 го повика во репрезентацијата, но на изненадување на француската јавност, фудбалерот го одби повикот.

Челниците на Француската фудбалска федерација (ФФФ) свесни за неговите квалитети не сакаат да се откажат од Рабио иако тој е суспендиран од страна на ПСЖ и е отстранет од првиот тим. Претседателот на ФФФ, Боел Ле Грает во интервју за телевизијата РТЛ откри дека не успеал да договори средба со Рабио поради бизарна причина, неговата мајка Вероника сакала да присуствува на состанокот.

– Стапив во контакт со Адриен Рабио бидејќи сакав да разговарам со него. Но подоцна ме повика неговата мајка и сакаше да дојде со него на состанокот иако јас сакав тоа да биде разговор само во четири очи. Потоа Адриен одлучи да се видиме, но неговата мајка упропасти сè – изјави Ле Грает.

Вероника Рабио е добро позната во Франција како амбициозна мајка која е на добар пат да ја уништи кариерата на својот син. Сè започна во 2012 година кога малолетниот Адриен потпиша професионален договор со ПСЖ. Само неколку месеци подоцна Вероника побара од управата на клубот таа и нејзиниот син да патуваат заедно на зимските подготовки. Како објаснување наведе дека сите останати играчи ги носат своите сопруги и деца. Клубот го прифати нејзиното барање, но под услов таа сама да ги сноси трошоците за патот. Навредена од ваквиот став на управата на ПСЖ, таа побара трансфер за нејзиниот син.

Желбата ù беше исполнета и Адриен е пратен во Тулуз на позајмица, но и таму Вероника не мируваше. Амбициозната мајка бараше да присуствува на сите тренинзи на екипата, но барањето беше одбиено.

Во 2015 година Адриен се наоѓаше пред трансфер во Рома и тоа благодарение на менаџерот Жорге Мендеш. ПСЖ требаше да добие 11 милиони евра како обесштетување, меѓутоа трансферот никогаш не се реализира поради бизарна причина. Кога челниците на Рома ја побарале Вероника за да го потпише договорот, таа си заминала на одмор и ги исклучила телефоните.

Потоа Рабио потпиша нов договор со ПСЖ, но со далеку полоши услови кои му ги нудеше Рома, а како последица на тоа што не сака да потпише нов договор со „светците“, управата на клубот го казни и го отстрани од првиот тим и во 2019 година нема настап на ниту еден официјален натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот