Амбициозен план за новиот „Матрикс“: Киану Ривс повторно во улогата на Нео

Трите продолженија на „Матрикс“ ќе останат забележани како едни од најуспешните проекти во историјата на филмската индустрија, предизвикувајќи вистинска револуција во научно-фантастичниот жанр.
Животот во матрица, како посебен правец во филозофијата кој влече корени од Платон, а се провлекува и во други догматски учења, секако дека само по себе е интересно за размислување. Но, „Мартрикс“ отиде чекор понатаму, креирајќи засебен свет исполнет со акција, дотогаш невидени специјални ефекти и оригинална приказна неспоредлива со ништо претходно.

Неодамна беше потврдено дека ќе се снима и четвртото продолжение од филмот, што секако дека веднаш внесе возбуда помеѓу филмските сладокусци. Засега е објавено дека сценариото се работи под работниот наслов „проект сладолед“, а еден од ретките што имал прилика да ја погледне драфт верзијата е актерот што ја има главната улога во „Матрикс“, Киану Ривс.

Image result for matrix action scenes

– Сценариото на „Матрикс 4“ е амбициозно, како што и треба да биде – изјави Ривс, несакајќи да открие нешто повеќе.
Амбициозноста никогаш не била проблем за „Матрикс“. Оригиналниот филм предизвика огромна гледаност кога беше пуштен во киносалите, наметнувајќи создавање на франшиза. Вториот дел испадна како најуспешен комерцијален проект, откако заработи 742 милиони долари на благајните. Но, тогаш се случи фијаското со третото продолжение, кога заработката падна на 427 милиони.

Нео ќе оживее

Послабата гледаност на последното засега продолжение од „Матрикс“, беше и главната причина тогаш да биде откажано снимањето на нов дел, иако уште пред една деценија се размислуваше во таа насока. Не помогна ниту фактот дека третото продолжение излезе само шест месеци по премиерата на второто, па на гледачите тоа им се виде премногу, бидејќи впечатоците од вториот филм сè уште не беа слегнати.
Но, во меѓувреме кариерата на Киану Ривс отиде во нагорна линија. Тој беше дел и од франшизата „Џон Вик“, со што докажа дека публиката не е уморна од неговата акција, па тоа беше и најголемиот адут во убедувањето на инвеститорите дека ќе се исплати новиот „Матрикс“.

Еден од реалните проблеми со кои сценаристите се соочуваат е и фактот дека Нео, главниот лик толкуван од Ривс, умира на крајот од третиот дел. Нео ќе биде ослободен од матрицата, а членовите на организацијата за ослободување на човештвото од ропството на машините, во него гледа пророк кој ќе им ја донесе слободата.

Неговите вештини во матрицата се неверојатни, успевајќи физички да ги победи сите агенти кои програмата ги користи за да ја прекине неговата активност. Но, на крајот загинува, кога успева да ја уништи матрицата.

Се разбира дека постојат илјадници начини како Нео повторно да се врати во приказната, но големите љубители на филмот се веќе исплашени дека можеби неговото воскреснување ќе биде креирано на начин типичен за блокбастерите, па веќе на социјалните мрежи се активираа петиции со цел да се спречи тоа.

Youtube

Сестрите Ваковски

Лана Ваковски, во моментот додека работеше на сценариото на првите три филма се потпишуваше како Лоренс Ваковски и заедно со својата сестра Лили, која исто така во меѓувреме го сомени полот, ќе биде креаторот и на четвртото продолжение.

Ангажманот на Киану Ривс е веќе обезбеден, а потврдено е дека во најновото продожение ќе глуми и Кери-Ен Мос во улогата на Тринити. За жал во кастингот го нема Лоренс Фишбрн, чиј лик очигледно не го преживеал „забот“ на времето поминато од последното снимање.

Засега не е познато кога ќе започне снимањето, а уште помалку може да се претпостави кога филмот ќе биде вметнат на репертоарите ширум светот.

Тоа што е сигурно е дека кога и да биде премиерата, влезници за „Матрикс 4“ ќе биде многу тешко да се обезбедат.

Image result for matrix action scenes

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот