Амбициозен план на кинеските здравствени власти: За пет дена ќе тестираат девет милионски град на ковид-19

Фото: EPA-EFE/WANG HAIBIN CHINA OUT

Кина од денеска почнува да спроведува масовна кампања за тестирање на ковид-19 во градот Чингдао, во кој живеат околу девет милиони луѓе. Масовното тестирање се спроведува по шесте регистрани лица со коронавирус што предизвика страв од повторно ширење на епидемијата.

Според локалните здравствени власти, тестирањето во шест квартови на Чингдао ќе се изврши во следните три дена, додека тестирањето на сите жители на градот ќе биде спроведено за пет дена.

Според нив, сè уште не е откриен изворот на зараза, а се претпоставува дека инфицираните се поврзани со болницата во која се лекуваат пациенти од ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот