Амбер Херд би можела повторно да оди на суд за шверц и лажно сведочење

амбер херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS /

Амбер Херд би можела да се соочи со уште една правна битка откако го загуби случајот во кој нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп ја тужеше за клевета. Имено, властите во Австралија ги истражуваат обвинувањата за лажно сведочење на актерката во случајот за нелегално внесување на нејзините две кучиња во земјата во 2015 година, пренесува „Дејли Мејл“.

„Одделот за земјоделство, вода и животна средина ги истражува наводите за лажни изјави на г-ѓа Херд за време на судската постапка во 2015 година за нелегален увоз на нејзините две кучиња во Австралија“, изјави портпаролот на австралиското Министерство за земјоделство, вода и животна средина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Херд и Деп сè уште беа во брак во мај 2015 година, кога со својот приватен авион пристигнале во Австралија а со нив биле и нивните две кучиња, Пистол и Бу. Херд ги внела двете кучиња во Австралија без да ги пријави, и покрај строгата политика на карантин во земјата.

Јоркширските териери не поминале на царина и беа предмет на 10-дневен карантин. Во јули истата година, актерката беше обвинета за нелегално увоз на животни и ѝ се закануваше десетина години затворска казна, но на крај актерката помина само парична казна и случајот беше затворен.

И покрај тоа што случајот е затворен, портпаролот на австралиското Министерство за земјоделство, вода и животна средина рече дека „одделот инсистира да добие изјави од сведоци и штом ќе ги добие, директорот на Јавното обвинителство на Комонвелтот ќе разгледа дали доказите се доволни за да го оправдаат продолжувањето на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот