Амбер Херд е згодна „мултитаскинг“ мама

Амбер Херд
Фото: Принтскрин / Instagram

Актерката Амбер Херд која неодамна влезе во мајчинска улога објави охрабрувачка фотографија на својот инстаграм профил истакнувајќи ја својата одлична фигура.

Амбер е буквално со полни раце, па вежба додека истовремено се грижи за својата 5-месечна ќерка. На фотографијата 35-годишната актерка позира со малата ќерка во едната и сребрен тег во другата рака, носејќи црн спортски топ спарен со истобојни спортски хеланки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

„Мултитаскинг мама“ беше насловена објавата, додавајќи „емоџи“ на мускулеста рака, на која е забележителна одличната форма на Хеард.

„Јас сум и мама и тато. Таа е шефот“ објави Амбер Херд во една од минатите објави каде ја прикажа својата прва ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Актерката постојано ја промовира културата на вежбање и одржување на својата фигура преку објавите на нејзиниот инстаграм профил, па последната објава не изостанува од мотивирачката низа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Амбер, која е позната по нејзината улога во филмот „Аквамен“ но и по озлогласената разводна битка со актерот Џони Деп, објави дека стана мајка овој јули. Ќерката на Амбер, Оона Пеиџ, беше родена од сурогат мајка, а кога ја објави среќната вест актерката додаде дека таа е „почетокот на остатокот од нејзиниот живот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Heard (@amberheard)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот