Амбасадорт на БиХ во Македонија: Премиерот Спасовски го сменил цело Биро за филателија на Македонски пошти

Премиерот на Северна Македонија, Оливер Спасовски, го сменил целото Биро за филателија, а марката со слика на картата на Независна држава Хрватска е поништена, изјавил амбасадорот на БиХ во Северна Македонија, Драган Јакимовиќ, за Алтернативната телевизија (АТВ) од Бања Лука.

Тој рече дека разговарал со премиерот на Северна Македонија, кој го информирал за чекорите преземени откако Северна Македонија издаде поштенска марка со мапа на Независната држава Хрватска (НДХ) во рамките на проширените граници, по повод Денот на победата над фашизмот.

„Зборував со Премиерот на Северна Македонија пред два часа, а тој ми рече дека тој го сменил цело Биро за филателија и шефот на Советот, односно човекот кој е одговорен за филателијата на македонските пошти. Марката беше поништена, истата не е пуштена во оптек“, изјавил Јаќимовиќ.

Инаку, по скандалот со марката, АД Македонски пошти вчера информираа дека жалат и се извинуваат за ненамерната грешка. Оттаму исто така информираа дека на итна седница на Управниот одбор на Пошти, била донесена одлука марката да биде повлечена, а била донесена и одлука за разрешување на Раководителот на Бирото за филателија и за разрешување на Советот за поштенски марки.

Засега нема официјална реакција од Владата за дипломатскиот скандал кој го предизвика Македонска пошта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот