Амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс ексклузивно за „Слободен печат“: Дали Орбан финансира пропаганда против НАТО и ЕУ во Македонија?

Унгарскиот амбасадор Ласло Дукс во интервју за „Слободен печат“ кое ќе биде објавено утре, ги отфрла тврдењата на словенечкиот портал „Нецензурирано“, како и на европратеникот Ги Верхофштад, дека бизнис кругови блиски до владата на Виктор Орбан финансираат пропаганда против евроатлантската интеграција на Македонија. Дали некои други центри го прават тоа, амбасадорот вели дека нема информација и коментар.

– Унгарија силно ја поддржува Северна Македонија околу влегувањето во НАТО. Вие знаете дека во минатото секогаш се залагавме земјата да стане членка. Ние жалиме што требаше толку многу време, но среќни сме дека тоа се случува конечно и дека, иако ја чекаме ратификацијата на Шпанија, за неколку месеци овој процес ќе биде завршен. Унгарија е централноевропска земја, но е сосед на Балканот и има многу силни безбедносни врски и интереси во регионот. Гледаме дека приемот во НАТО е најважен столб на стабилноста, така што можам да ви кажам дека унгарската влада не финансира во било која форма анти-НАТО и анти-ЕУ пропаганда – вели во интервјуто за „Слободен печат“, амбасадорот на Унгарија, Ласло Дукс.

Целото интервју прочитајте го во утрешното печатено издание на „Слободен печат“.

 

Директорот на „Курир“: Написите на „Нецензурирано“ се апсолутно невистинити

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот