Амбасадорот на САД во Косово со критики до партиите поради лица со криминално минато во изборните листи

Косово избори 2021/ Фото: МИА

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Филип Коснет упати денеска критики до политичките партии затоа што во листите со кандидати за пратеници на наредните избори ставиле лица со криминално минато, јави дописникот на МИА од Приштина.

Коснет на својата страница на Твитер напиша дека граѓаните не можат да ги сметаат за сериозни партиите кои дејствуваат спротивно од декларативните заложби за владеење на правото.

– Како можат граѓаните да ја земат за сериозна изразената заложба на политичките партии за владеење на правото, кога во листите на многу партии има индивидуи со активни обвиненија, со казни за кривични дела, како воени злосторства и напади и со меѓународни санкции за воени злосторства и корупција, напиша Коснет.

Вонредните парламентарни избори во Косово, по оставката, во јули годинава, на премиерот Рамуш Харадинај, ќе се одржат на 6 октомври. На изборите ќе учествуваат 21 политички субјект чии листи ги верификува Централната изборна комисија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот