Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана им покажа среден прст на демонстранти, па јавно им се извини (ФОТО+ВИДЕО)

Газета Мапо

По неколкучасовните дебатирања на социјалните мрежи од страна на пошироката јавност во Албанија, за тоа дали амабасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Боршард направил недоличен гест кон демонстранти од „Астир“, тој самиот потврдил дека им покажал среден прст, пренесува Газета Мапо.

Денеска амбасадорот реагираше преку објава на Твитер, барајќи извинување за неговиот гест, додавајќи и дека го поддржува правото на Албанците за мировни протести.

„Би сакал навистина да им се извинам на тие што можеби сум ги навредил вчера. Јас го почитувам правото на Албанците за мирни протести“ , напишал амбасадорот.

Синоќа, амабасадорот поминуваше низ тротоарот до Полициската дирекција во Тирана, каде група на демонстранти,  жители на „Новиот кружен тек“ протестираа за ослободување на нивни блиски роднини кои беа уапсени во текот на денот откако го блокираа патот во „Астир“.

Амабасадорот помина лпокрај протестантите, а некои од нив му се обратија со зборовите „Shame on you“(Засремете се).

И во тој момент Борчард го покажал средниот прст од десната рака. Видеото и фотографиите од овој гест на амабасадорот кои кружат од синоќа на социјалните мрежи, предизивикаа лавина реакции.

Инаку, жителите на областа „Астир“ во Тирана протестираат веќе втора година против изградба на „Новиот кружен тек“, со кое се предвидува и рушење на неколку околни објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот