Амбасадорот на БиХ во Русија потврди: „Свети Никола“ се врати во кабинетот на Додик

Иконата на Свети Никола Чудотворец со која Милорад Додик неодамна го даруваше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров е вратена во кабинетот на српскиот член на претседателството на БиХ.

Иконата од Русија ја донел лично амбасадорот на БиХ во Москва, Жељко Самарџија. Информацијата ја потврдил самиот за novosti.rs кој, како што истакнал, е сторено по нотата што амбасадата на БиХ ја добила од руското МНР.

– Иако се појавија шпекулации во поедини медиуми во Федерацијата БиХ околу тоа зошто иконата не е вратена во министерството за надворешни работи на БиХ, веднаш да кажам дека тоа не е од проста причина затоа штѕо во нотата на руската страна јасно е наведено иконата да биде вратена дарителот, а тоа е спрскиот член на претседателството на БиХ, Милорад Додик, порача Самарџија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот