Амбасадорот на Австралија повикан на разговор во српското МНР поради Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ /Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Драмата околу пристигнувањето на Новак Ѓоковиќ во Австралија сè уште трае, тенисерот се наоѓа во имиграциски притвор на аеродромот во Мелбурн каде ја чека конечната одлука дали ќе му биде одобрена виза и би можел да настапи на Австралија Опен, а поради ова реагираше српското министерство за надворешни работи.

Српското МНР го повика на разговорот амбасадорот на Австралија во Белград, Даниел Емери, и  од него e побарано да реагира кај австралиската влада и да му се дозволи на Ѓоковиќ да настапи во Мелбурн. Идентично барање имал и амбасадорот на Србија во Австралија, кој стапил во контакт со Ѓоковиќ.

Но, проблемот е што федералната влада го нема последниот збор околу одобрувањето на визата туку тоа е на сојузната држава Викторија чии власти засега одбиваат да му дадат виза на Ѓоковиќ.

Проблемите настанаа поради погрешно барање за виза, од тимот на Ѓоковиќ поднесе барање каде не е потребно медицинско изземање за влез во Австралија.

По слетувањето во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ шест часа беше испитуван од царинските и граничките службеници и моментно се наоѓа во имиграциски притвор на аеродромот во Мелбурн од каде ја чека конечната одлука дали ќе му биде овозможено да настапи на Австралија Опен или не.
Одлуката треба да биде донесена најдоцна до 23 часот по средноевропско време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот