Амбасадорот Марковски му ги предаде акредитивните писма на албанскиот претседател Мета

Албанскиот претседател Илир Мета денеска го прими македонскиот амбасадор Данчо Марковски, кој му ги предаде акредитивните писма, информираа од кабинетот на Мета. Оттаму додаваат дека претседателот Мета му посакал успех на амбасадорот Марковски во неговата дипломатска мисија во Албанија, „во корист на понатамошното зајакнување на многу добрите односи меѓу двете земји и нашите народи”.

Мета го истакнал значењето од поблиската економска и трговска соработка, преку билатералните и регионалните проекти за инфраструктурно поврзување, особено за придобивките на граѓаните од прекуграничните области.

Претседателот Мета го увери амбасадорот Марковски дека Албанија останува заинтересирана за напредок, благосостојба и стабилен напредок на Северна Македонија во процесите на евроинтеграција и изрази убедување дека нашите две земји, сојузници во НАТО и со заеднички евро-атлантски визии, уште повеќе ќе ги зајакнат односите во корист на мирот, стабилноста и развојот на регионот – стои во соопштението од претседателскиот кабинет.

Се посочува дека Мета ја смета за заслужена безусловната одлука на ЕУ во март за започнување на преговорите за членство во ЕУ, како „важен камен во километражата во патувањето на Северна Македонија кон европското семејство и гаранција за надминување на каква било пречка во овој важен процес за неа и за целиот регион“.

Шефот на албанската држава високо го оценил учеството на албанскиот фактор во институциите на Македонија, како потврда за придонесот и континуираната поддршка на Албанците за важните реформи, евроатлантскиот пат, демократската стабилност на земјата и изградбата на мултиетничка држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот