Амбасадорката на САД во НАТО: Сите работиме за Македонија во декември да стане полноправна членка

Фото: МИА

Амбасадорката на САД во НАТО, Ки Бејли Хачинсон, на брифинг со новинарите пред утрешниот министерски совет за одбрана на Алијансата порача дека се вложуваат сите напори Северна Македонија да стане полноправна членка на Самитот на НАТО во Лондон во декември.

– Наша надеж е дека тоа ќе се случи на лидерската средба во декември, тоа е нешто на што сите работиме, но секоја од нашите земји сојузнички има различни барања од својот парламент за да го одобри и потврди зачленувањето на Северна Македонија  – изјави Хачинсон денеска.

Во однос на процедурата во американскиот Сенат, таа посочи дека се надева оти ратификацијата ќе се случи ова лето, најдоцна на есен.

– Знаеме дека сите земји ја поддржуваат Северна Македонија, прашање на тајминг е и се надеваме дека до крајот на годината, на нашиот лидерски самит ќе имаме прекрасна прослава за прием на Северна Македонија во нашата Алијанса – изјави амбасадорката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот