Амбасадорите го одбиваат албанското знаме, со Курти се фотографираат надвор од Самоопределување (ФОТО)

Зери

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, во неговата канцеларија продолжува да го држи само албанското национално знаме и никако да го признае знамето на Република Косово, јавува Зери.

Таму Курти пречекува многу гости, средби кои подоцна се објавуваат и на официјалната страница на партијата на социјалните мрежи, но американскиот амбасадор како и германскиот „одбиле“ слика со Курти каде е изложено само албанското знаме.

Лидерот на Самоопределување, Албин Курти чија партија победи на предвремените парламентарни избори, се сретна вчера со американскиот амабасадор на Косово, Филип Коснет. Курти вообичаено гостите ги чека во канеларијата на партијата каде се сликаат заедно, но тоа што остава впечаток е дека фотографијата е направена надвор од канцеларијата каде нема никакво знаме.

Твитер

Пред неколку дена истата работа се случи и со германскиот амбасадор на Косово, Кристијан Хелд. За разлика од сите други средби на Курти каде гостите се сликаа со албанското знаме во позадина, од средбата со германскиот амбасадор на официјалната страница на Самоопределување била препратена само фотографијата реализирана на влезот на главното седиште на партијата. На сликата со Курти се гледа само испраќањето на германскиот амабасадор по средбата.

Зери

Двајцата амабадори со најголемо влијание во Косово, Коснет и Хелд, изгледа дека не преферираат да се сликаат со Курти без да биде во позадина и знамето на Република Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот