САД, Британија и Германија демантираат дека ги финансирале протестите во Србија

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Амбасадите на САД, Велика Британија и Германија денеска ги отфрлија тврдењата дека нивните земји финансираат политички или еколошки протести во Србија против рударската компанија „Рио Тинто“.

Српската премиерка Ана Брнабиќ вчера рече дека нејзината влада ги поништува сите административни акти со корпорацијата „Рио Тинто“ поврзани со истражување и ископ на литиум во Србија по протестите за заштита на животната средина, и обвини некои западни влади за финансирање еколошки протести.

– Таквите тврдења не го одразуваат партнерството со Србија, се вели во заедничката изјава на американската, британската и германската амбасада во Белград.

– Безрезервно ги отфрламе сите сугестии дека нашите држави или организациите преку кои даваме техничка помош и поддршка финансираат или насочуваат дејствија, особено против владата или каква било политика што таа ја спроведува, што вклучува и финансирање протести, се вели во соопштението.

Оценките на Брнабиќ се „штетно обвинение“ што е особено тешко да се разбере кога станува збор за организации кои со години ги поддржуваат и работат со српската влада и парламентот на нивните реформски програми и развојот на демократските институции, рекоа трите земји.

Тие додаваат дека од почетокот на процесот на демократска транзиција во Србија, трите земји се меѓу „најдарежливите и најсигурни партнери и пријатели на Србија” и и пружиле финансиска помош вредна повеќе од три милијарди евра.

Владата во Белград вчера ја укина уредбата за просторниот план за експлоатација и преработка на литиумска руда и сите дозволи и уредби поврзани со компанијата „Рио Тинто”, по повеќемесечни протести и блокади на патиштата чие мото беше „Рио Тинто надвор од Србија”.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот