Амбасадата на САД во Приштина: Оставете ги поделбите настрана и посветете се на борбата против коронавирусот

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина им порача на косовските државјани и политички фактори да ги остават настрана етничките поделби и да се посветат на борбата против епидемијата на Ковид-19, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за медиумите на групацијата „Коха”, американската Амбасада им оддаде признание на здравствените работници во нивното соочување со заразата и ги повика граѓаните на Косово да помогнат во справувањето со коронавирусот, на тој начин што ќе ги следат препораките на професионалнците.

– Им оддаваме признание за постојаните напори на здравствените професионалци и на останатите кои работат многу, под голем ризик, за да го спречат ширењето на Ковид-19 во Косово. Тие имаат потреба од поддршка од сите. Работењето заедно, следејќи ги препораките на здравствените професионалци, и оставањето настрана на поделбите во заедницата, се суштествени за совладувањето на Ковид-19, се вели во одговорот на дипломатското претставништво на САД упатено до „Коха”.

Во Косово се отвори дебата околу вчерашната информација дека во општините со мнозинско српско население во северно Косово, Северна Митровица и Звечане, е воведен карантин по указ на властите од Србија. Претседателот на државата Хашим Тачи и косовските опозициски партии тврдат дека тоа е доказ за неспособноста на Владата во оставка, предводена од Албин Курти, да воспостави власт на територијата на целата земја, додека Владата инсистира дека мерките се воведени од страна на косовското Министерство за здравство.

Во видео-обраќање до граѓаните на Косово, Курти денеска ги обвини, како што рече, „одредени високи државници и политичари во Белград и Приштина”, дека сакаат да предизвикаат конфликти и крвопролевање во северно Косово, со цел да ги реализираат нивните планови за размена на територии и поделба на Косово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот