Амбасадата на САД во Приштина го поздрави распуштањето на косовскиот парламент

Амбасадата на САД во Приштина ја поздрави денес одлуката за распуштање на косовскиот парламент оценувајќи го како важен исчекор за формирање нова влада чија цел треба да биде обновата на дијалогот со Белград, пренесува „Танјуг“.

На официјалниот профил на амбасадата и амбасадорот Филип Коснет на „Фејсбук“ се сугерира дека обновата на дијалогот со Белград, владеењето на правото и економскиот развој треба да бидат во фокусот на политичките партии во предизборната кампања.

Во текстот се сугерира дека политичките партии треба да изнесат нови идеи за тоа како Косово да не губи веќе време на изградба на темелите за иднината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот