Амбасадата на САД: Обвинителството да ги гони одговорните, СЈО да продолжи да работи

Амбасадата на САД во Скопје целосно ја поддржува одлуката на обвинителството да ги испита сите наводи за корупција и да ги гони како оправдани, засновани врз законот и веродостојни факти.

– Секој за кој се тврди дека ја злоупотребил довербата на јавноста мора да биде одговорен, велат од Американската амбасада за „360 степени“, по притворот на шефицата на СЈО Катица Јанева за случајот „Рекет“.

За САД важно е да се потенцира дека Специјалното јавно обвинителство игра важна улога во напорите на Северна Македонија да ја покаже посветеноста на земјата за независно судство и одговорност за минатите криминали и корупција.

– Ова ќе осигура дека Специјалното јавно обвинителство може да продолжи со својата важна работа и да продолжи да ги следи своите случаи без прекини, што пак ќе и помогне на Северна Македонија како што напредува во интеграција кон НАТО и Европа, велат од Амбасадата на САД во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот