Амбасадата на САД добила дојава за терористички напади во Истанбул

epa06959604 Exterior view on the entrance to the US Embassy to Turkey in Ankara, Turkey, 20 August 2018. Gunshots were fired from a vehicle on the Embassy on 20 August in the early morning. Nobody was injured. EPA-EFE/STR

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Анкара соопшти дека привремено ќе ја прекине работата на сите служби во Турција, поради веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски граѓани во Истанбул.

Амбасадата соопшти дека добила веродостојни извештаи за потенцијални терористички напади и киднапирања на американски и други странски државјани во Истанбул.

Исто така, Амбасадата наведува дека во извештаите се вели дека се можни напади врз генералниот конзулат на САД во Турција, како и други локации во земјата. 

Последниот терористички напад кој го згрози светот се случи минатата недела во Франција, каде  наставник беше обезглавен. Во предградие на Париз, беше убиен средношколски наставник, бидејќи на учениците им покажувал карикатури на пророкот Мухамед.

-Наш сограѓанин е брутално убиен, тој е жртва на терористички напад- изјави Макрон, видно потресен.

Макрон за вчерашниот напад: Терористите нема да ја поделат Франција (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот