„Амазон“ пред празниците ќе вработи 100.000 сезонски работници

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Компанијата „Амазон“ соопшти дека ќе вработи 100.000 лица на одредено време поради раст на интернет нарачките пред ноемвриските празници во САД.

„Амазон“ до крајот на јуни оваа година имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот. Компанијата со седиште во Сиетл соопшти дека од март отворила уште 175.000 нови работни места од кои 125.000 ќе бидат на неодредено време.

Компанијата кон средината на септември отвори нови 100.000 работни места во САД и во Канада. Поголемиот дел од нив се однесуваат за работа во магацините, за подготовка на пакети и нивно испраќање.

„Амазон“ неодамна соопшти дека е забележан раст на бројот на нарачки од почетокот на пандемијата со ковид-19.

Компанијата пред минатогодишните празници вработи 200.000 сезонски работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот