Амазон ќе исплати 500 милиони долари во празнични бонуси за вработените

Фото: Профимедиа

Американската компанија за онлајн трговија Амазон на вработените кои ги пакуваат и испорачуваат производите ќе им исплати еднократен празничен бонус во износ од 300 долари, откако синдикатите и други организации ја критикуваа фирмата поради укинувањето на екстра надоместоците за работа во ризични услови поради пандемијата со ковид-19.

Амазон соопшти дека на работниците со полно работно време ќе им бидат исплатени бонуси од 300 долари, а на хонорарците по 150 долари, ако работат во текот на целиот месец декември.

– Тоа Амазон ќе го чини околу 500 милиони долари, изјави шефот за логистика Дејв Кларк.

Амазон кон крајот на мај го укина додатокот од два долара по час за стотици илјади вработени во магацините и дистрибутивните центри, но во јуни сепак исплати еднократни бонуси од 500 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот