Амазон ќе инвестира две милијарди долари за „зелена економија”

„Амазон” соопшти дека е предвидено да работи на 100 отсто обновлива енергија до 2025 година.

Компанијата „Амазон” најави дека ќе инвестира две милијарди американски долари во проекти насочени кон борба против климатските промени, како и засилување на напорите за намалување на јаглеродниот траг на технолошкиот гигант.

Фондот за клима (ЦПФ) ќе ги поддржи напорите на компаниите во многу сектори за „олеснување на транзицијата кон економија со нула јаглерод”, се наведува во соопштението на „Амазон”.

– Иницијативата ќе се стреми да инвестира во визионерски претприемачи и иноватори кои градат производи и услуги за да им помогнат на компаниите да го намалат отпадот од јаглерод и да работат поиздржливо, рече основачот и извршен директор на „Амазон”, Џеф Безос.

„Амазон” соопшти дека е предвидено да работи на 100 отсто обновлива енергија до 2025 година. Покрај тоа, ќе има повеќе од 100.000 електрични комбиња за испорака за да ги замени возилата на бензин.

Новиот фонд ќе инвестира во компании од различни индустрии, вклучувајќи транспорт и логистика, производство на енергија, складирање и употреба, производство и материјали, кружна економија и храна и земјоделство. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот