Aмазон и Мајкрософт во битка за Пентагон: Кој ќе го добие договорот вреден 10 милијарди долари

Проектот „Joint Enterprise Defense Infrastructure“ (JEDI) на американски Пентагон го привлече вниманието на големите имиња од технолошкиот свет.

Прво вработените во „Гугл“ започнаа да протестираат поради тоа што не сакаа нивната компанија да учествува во работите во кои се вклучени војската, војувањето и технологиите за убивање, па поради тој притисок компанијата „Гугл“ одлучи да не учествува во лицитирањето за овој проект.

Во месеците кои следеа во кулоарите во Вашингтон кружеше информација дека проектот е наместен за „Амазон“, се додека „Оракле“, а потоа и „ИБМ“, не се пожалија за условите на договорите и ги отфрлија сите сомнежи за целиот проект. Судот поради тоа го „замрзна“ проектот „JEDI“ додека не се расчистат сите детали.

По неколку месеци, во август оваа година, беше отстранета судската блокада, а „Амазон“ од тој момент се уште важи за еден од фаворитите. Единствениот сериозен конкурент во трката, кој може да ги понуди сите барани услуги, остана „Мајкрософт“.

Ова никако не му се допадна на претседателот Доналд Трамп, кој од претходно „војува“ со „Амазон“ и Џеф Безос. Поради тоа Трамп повторно го паузираше проектот и нареди да се истражи дали се фаворизира облачното решение на „Амазон“, „AWS“ или не.

Во целата оваа приказна е замешана политиката, бизнисот, но и лобистите на моќните компании кои се обидуваат да го насочат Пентагон кон своите клиенти. Компанијата која ќе го добие конкурсот ќе има под своја контрола голем дел од облачните услуги на федералните власти во САД и околу 80 отсто од сите податоци на Пентагон, а одлуката за партнер навистина не е лесна поради ризиците кои ги носи со себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот