Амазон еден од најголемите добитници за време на корона кризата

Дел од аналитичарите проценуваат дека растот на продажбата преку Амазон ќе се забрза и ќе достигне зголемување од над 40 проценти, а најверојатно на краток рок ќе ја надмине оваа цифра.

Американската малопродажба во април падна за рекордни 16,4 проценти, а единствена светла точка беше интернет продажбата која од март пораснала за 8,4 отсто. Меѓу најголемите победници за време на пандемијата е Амазон чија продажба порасна за 26 отсто во првото тримесечје во однос на претходната година и изнесува 75,5 милијарди долари.

Продажбата била толку голема што понекогаш некои производи не биле достапни, а Амазон беше приморан да вработува дополнителни 175 илјади работници за да продолжи со значително зголеменото тргување.

Можеби доволно за растот на продажбата говорат податоците за вработување кои ги објавија компаниите во последните 30 дена. Амазон на 13 април објави дека од средината на март вработува 100 илјади лица и дека во наредниот период  ќе вработи дополнителни 75 илјади.

Исто така ревидирано е и зголемување на примањата во износ од 350 милиони долари на 500 милиони.

Потоа на 24. април компанијата најави дека планира да ги зголеми сатниците и дека ќе ги удвои надоместоците за прекувремените саати од 16. мај.

Дел од аналитичарите проценуваат дека растот на продажбата преку Амазон ќе се забрза и ќе достигне зголемување од над 40 проценти, а најверојатно на краток рок ќе ја надмине оваа цифра.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот