4 C
Скопје

Амандмански дом за беснеење

Комисиската расправа е фарсична, се повторуваат едните те исти фрази, законите не може да го минат ни првото читање, се трупаат материјали, собраниските служби мора и да ги преведуваат стотиците амандмани, а Буџетот, платежните картички и граѓаните – ќе чекаат.

Сеедно чиј е, еден од амандманите на опозицијата, во кој се вели дека „за време на велигденските празници, пратениците што ќе учествуваат во работата на Собранието од далечина да имаат бојадисано јајце пред камера“, е безобразен и иритантен.

Просто е незамисливо до каде се оди за да се добијат политички поени. Ова не е само потсмевање со политичкиот противник и институцијата, туку и понижување на гласачите. Наместо арена за политички дијалог и конструктивна дебата, Собранието се претвори во збирштина. Опозицијата ја користи ковид-кризата за да „бомбардира“ со таканаречени (според содржината) амандмани, а власта е немоќна со оглед на тенкото мнозинство.

Комисиската расправа е фарсична, се повторуваат истите фрази, законите не може да го минат ни првото читање, се трупаат материјали, а собраниските служби сега мора и да ги преведуваат стотиците амандмани. До 16 декември, за кога е предвидено традиционалното обраќање на шефот на државата, не е закажана друга пленарна седница. Во меѓувреме, треба да заврши комисиската расправа за Буџетот за 2021 година, а треба да се усвои и Законот за платежните картички, на кои чекаат речиси 300.000 граѓани.

Прочитајте и...  Триесет психолози понудија бесплатна психолошка помош за жртвите од „Јавна соба“

Работата се заглави откако пропадна обидот да почне расправата за измена на собранискиот Деловник, со кој треба да се овозможи онлајн работа и дискусии на пратениците коишто се заразени или се во изолација поради ковид-19. Опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса/Алтернатива со поднесени 3.000 амандмани ја блокираа работата на мандатно-имунитетната комисија. Тие тврдат дека за да функционира Собранието онлајн нема ниту технички, ниту демократски услови. Оваа блокада е само продолжение на онаа од јануари годинава, кога опозицијата со 1.000 амандмани го блокираше усвојувањето на предлог-законот за легализација на дивоградби. Во декември 2019 година измените на Изборниот законик беа „торпедирани“  од 6.000 амандмани – речиси илјада од ВМРО-ДПМНЕ и пет илјади од ДУИ. Учеството на ДУИ во оваа „војна“ се закануваше да ја растури коалицијата, затоа што сметаше дека не може пред избори да се менуваат правилата на игра. Во последниот месец од 2019 година ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од 970 амандмани сакаше да го блокира и предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, а да се потсетиме и на оние 4.000 за предлог-законот за Јавно обвинителска служба, исто така дело на ВМРО-ДПМНЕ.

Прочитајте и...  Владиката и 300 апостоли

Амандманскиот врв беше постигнат во 2018 година кога ВМРО-ДПМНЕ поднесе дури 35.000 амандмани за Законот за јазиците, кои службите не успеаја да ги преведат. Часови и часови беа изгубени само во нивното читање. За волја на вистината, сегашната власт кога беше опозиција во 2012 година даде свој прилог на во амандманскиот кошмар, преку блокада на расправата во Комисијата за финансии и буџет на Собранието, при донесувањето на буџетот за 2013 година, поднесувајќи 1.200 амандмани. Сега, што се вели, со „нивен камен по нивна глава“ – сето ова им се враќа како бумеранг, а апелите да се престане со оваа непродуктивност не допираат до никого.

Како што стојат работите, пратениците „мува не ги лази“ поради тоа што се наоѓаме во многу драматична ситуација. Тие си ги острат јазиците и наместо да ги решаваат и да одговараат на прашањата од животна важност за граѓаните, ја занимаваат јавноста со купишта бесмислени амандмани од кои некои директно атакуваат врз логиката и здравиот разум. На сите им е јасно дека опозицијата има право да поднесува амандмани и тоа треба да се почитува до одредени граници, но таа мора конечно да сфати дека има обврска да не го нарушува работењето на Собранието. Ако продолжат со ваквото однесување, нема да има ни „Р“ од реформите и станува сѐ појасно дека за нив е единствено важно да предизвикаат блокада и предвремени избори.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Храбра Македонка го опишува пеколот откако нејзина слика се нашла во „Јавна соба“: Испаничив, се преплашив, никогаш досега не сум доживеала такво нешто

Поврзани вести

Триесет психолози понудија бесплатна психолошка помош за жртвите од „Јавна соба“

Елизабета Д. Спасеновска

Гувеејќи среде пандемиските злостори

Мирослав Грчев

Граѓаните не се обврзани да им „позајмуваат“ на агенциите, ако пропаднал аранжманот, парите треба да се вратат

Соња Кириџиевска

Трајанов: Ако се преиспитаа доказите во предметите досега ќе имавме прочистено судство

Лука Андреев

Давитковски: Чистката требаше да почне од монтираните процеси, тогаш ќе видевме кој е „сваровски судија“

Лука Андреев

Триесет години не се контролира незаконското богатење на именуваните функционери

Горан Наумовски

Остави Коментар