Аманда Горман по инаугурацијата на Џо Бајден станува модел рамо до рамо со познатите ѕвезди

Instagram

Аманда Горман, 22-годишна поетеса, која рецитираше на инаугурацијата на новиот претседател на САД, Џо Бајден, потпиша договор со агенцијата „IMG Models“, пренесува „Diepresse“

На инаугурацијата на Џо Бајден, Аманда се истакна со рецитирање, а со тоа успеа да им ја „украде славата“ на светските sвезди Лејди Гага и Џенифер Лопез, кои настапија на овој настан.

Instagram
Instagram

По нејзиниот настап, Горман потпиша договор со модната агенција, чии членови се светски познати модели како Џиџи и Бела Хадид.

На инаугурацијата, младата поетеса се истакна не само со својот перформанс, туку и со стајлингот потпишан од модниот гигант „Прада“. Црвената капа што ја носеше на настанот се распродаде со молскавична брзина, а побарувачката за жолтото палто што го носеше за време на инаугурацијата се зголеми за над 1000 проценти, според пребарувачите за интернет страници што продаваат брендирана облека.

„Модата е многу важна за мене. Таа е мојот начин да се изразам и да им се обратам на сите луѓе кои ме поддржуваат“, рече Аманда во интервју за Вог.

И покрај модниот договор што го потпиша, младата поетеса најверојатно нема да ја гледаме на модните писти, туку како заштитно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот