Амал Клуни и Меган Маркл се нераздвојни пријателки!

Profimedia

Славната адвокатка и сопруга на актерот Џорџ Клуни наводно е многу блиска пријателка со сопругата на принцот Хари.

Амал Клуни е „опседната“ со војвотката од Сасекс Меган Маркл, а тие две станале многу блиски пријателки, тврди RadarOnline.

Сопругата на Џорџ Клуни никогаш не била претерано блиска со сопругите на својот драг маж, а медиумите издвојуваат и дека не успеала да воспостави однос со поранешната сопруга на Бред Пит, Анџелина Џоли, покрај нивните заеднички интереси. Сепак, избраничката на принцот Хари и таа пронашле заеднички јазик.

Profimedia

„Амал Клуни е фасцинирана од Меган“, изјавил извор близок на адвокатката за порталот RadarOnline. „Прави се што е во нејзина моќ за да помине време со неа и да бидат во контакт“.

Инаку Џорџ и Амал беа меѓу бројните ѕвезди кои присуствуваа на венчавката на принцот Хари и Меган Маркл. Клуни со својот приватен авион го упатил кон војвотката Меган во Њујорк и присуствувала на нејзината „baby shower“ забава.

Profimedia

„Амал ѝ праќа пораки, дава совети во врска со родителството и ја советува како да управува со славата“, истакнал изворот.

„Сака да биде пријателка со неа повеќе од со било кој друг, поради врската која племенитоста ја има со славата“.

Тие две наводно се зближиле во Лондон, а денес во тајност идат на ручеци и наводно се трудат децата да им играат заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот