Алжирскиот претседател пред втор мандат по изборите

Алжирскиот претседател Абделбаџид Тебоун/ Фото EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Актуелниот претседател на Алжир Абделмаџид Тебун постигна јасна победа на претседателските избори во северноафриканската земја и обезбеди втор петгодишен мандат на функцијата, покажаа прелиминарните резултати објавени вечерва.

Изборите се одржаа вчера, а противкандидати на Тебун беа исламистот Хасани Шариф Абдел Аали и Јусеф Аучиче од Фронтот на социјалистичките сили.

Тебун, кој ја презеде функцијата кон крајот на 2019 година, доби 94,6 отсто од гласовите, додека Абдел Аали и Аучиче собраа нешто повеќе од три отсто, односно два отсто, рече шефот на изборната комисија Мохамед Чарфи на прес-конференција.

Околу 48,03 отсто од гласачите со право на глас го дадоа својот глас, соопшти комисијата. Право на глас имаа најмалку 24 милиони Алжирци.

Излезноста се сметаше за главен предизвик на изборите, пренесе ДПА.

Гласањето беше продолжено за еден час за да се охрабрат повеќе луѓе да се појават на гласачките места.

На изборите во 2019 година на кои победи Тебун, гласаа скоро 40 проценти од гласачите со право на глас.

Привремените резултати сега ќе бидат испратени до Уставниот суд на Алжир, кој е одговорен за нивно испитување и сослушување на потенцијалните жалби пред да го објави конечниот официјален резултат. Процесот може да потрае до три недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот