Алжирскиот џудист кој не сакаше да се бори со Израелец е суспендиран на десет години

Џудистот од Алжар не сакаше да се бори со Тохар Бутбул од Израел/ фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Алжирецот Фети Нурин одби да се бори со израелскиот џудист на Олимписките игри во Токио и за тоа заработи тешка казна. Светската џудо федерација го суспендира Нурин дури до 2031 година.

Нурин во првото коло требаше да се бори со Мохамед Абдалрасол од Судан и доколку славеше во наредната рунда ќе се сретнеше со Тохар Бутбул од Израел. Поради тоа, Алжирецот одлучи да не настапи на турнирот во џудо и со тоа заработи тешка казна.

Според Нурин, поддршката на Палестина не му дозволила да се бори со Бутбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот