Алжир е новиот шампион на Африка (ВИДЕО)

Фото: twitter.com/muhiasmaina

Алжир со оваа победа се врати на врвот на Африканскиот континент после скоро 30 години, односно последниот и единствен трофеј во ова натпреварување го освои далечната 1990 година.

До финалето Алжирците ги елиминираа селекциите на Гвинеија, Брегот на Слоновата коска и Нигерија.

Погодокот беше реализиран многу рано уште во втората минута, Бунеџа шутираше, еден од дефанзивните сенегалски играчи успеа за момент да блокира, но таа топка одеше директно во голот и чуварот на мрежата не можеше ништо да стори.

После погодокот на теренот имаше голема борба, но и покрај возбудувањата, особено пред голот на Алжир, до крајот на средбата немаше промена на резултатот.

Победникот интересно во овој финален меч упати само еден шут, оној на Бунеџа, а за играч на натпреварот беше прогласен фудбалерот на Алжир, Мболи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот