Алжир: Претседателот помилува околу 3.500 осуденици, но не и лица поврзани со протестите

Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун потпиша указ за помилување за речиси 3.500 осудени лица, но мерката не важи за оние уапсени и поврзани со протестно движење кое веќе една година демонстрира против властите.

Тебун одлучи да ја помилува првата група од 3,471 осудени лица, на кои им остануваат шест месеци затвор, соопшти кабинетот на алжирскиот претседател, додавајќи дека ќе биде помилувана и втора група осуденици.

Уредбата не важи за оние уапсени за дела поврзани со протестно движење кај луѓето познати како „Хирак“.

Националниот комитет за ослободување на затворениците соопшти дека мерката не важи за уапсените Хирак, бидејќи за повеќето од нив судските предмети се во тек.

Повеќе од 140 демонстранти во моментов се наоѓаат во привремен притвор додека против 1.300 им судски постапки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот