Алжир ги прекина дипломатските односи со Мароко

Знаме на Алжир фото ЕПА

Алжир ги прекина дипломатските односи со Мароко поради „непријателските акции” на соседната земја, со која со децении е во тензични односи.

Шефот на алжирската дипломатија Рамтан Ламамра вчера го обвини Мароко дека го користи шпионскиот софтвер Пегаз, поддржува сепаратистичка група и не ги исполнува билатералните обврски, како што е прашањето за Западна Сахара.

– Кралството Мароко никогаш не прекина со непријателските акции против Алжир, посочи Ламамра.

Тој додаде дека и покрај тоа конзулатите во двете земји ќе останат отворени.

Министерството за надворешни работи на Мароко не ја коментираше изјавата на Ламамра.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот