Алвеш ја критикуваше Барса: Тоа беше понижувачки и затоа ги одбив!

Дани Алвеш повторно зборуваше за лошата разделба со Барселона со која имаше славни моменти во текот на фудбалската кариера. Бразилецот уште еднаш без влакна на јазикот го критикуваше каталонскиот гигант кој пак минува низ „бурен период“ во последните неколку месеци.

Алвеш е најтрофеен фудбалер на сите времиња со 41 освоена титула, од кои вкупно 23 ги освои во дресот на Барсеа помеѓу 2008 и 2016 година. Во летото 2016 година не се раздели најдобро со екипата:

– Ме пуштија од клубот без да разговараат со мене. Кога сфатија дека не успеаја да донесат идеална замена, брзо ми се јавија со понуда за продолжување на соработката. За мене тоа беше понижувачки и ги одбив. Доколку се однесуваа нормално кон мене, би се вратил и пеш во Барселона – рече Алвеш.

37-годишниот играч кој ја покриваше позицијата десен бек, но воедно беше и одличен играч за врска во нападот, подоцна дури ѝ се понуди на Барселона.

– Се преселив во Јувентус за да покажам дека и натаму можам да играм на високо ниво. Сакав да се вратам, и тоа бесплатно. Но, управата на Барса немаше храброст, да признаат дека погрешија за мене една година порано. Но, еден ден ќе се вратам во Барселона, клубот и градот кои ги сакам – додаде Алвеш.

Фото: Лионел Меси (Барселона)/Твитер

Исто така говореше и за Лионел Меси, за кој Барса треба да му оддаде почит.

– Тој е голем колку и самиот клуб. Нормално е дека тој сакаше да замине кога виде катастрофа околу себе. Она што досега го направи за клубот е толку големо што треба и нивниот стадион да се именува по него – беа зборовите на бразилската легенда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот