Алушовски: Во второто полувреме како да беше некоја друга екипа на Еурофарм

Еурофарм го забележа и вториот пораз во Лигата на шампионите, овој пат на гостувањето кај Савехов. Битолчани прокоцкаа предност од пет голови и на крајот загубија со 25:2. Тренерот на Еурофарм, Стевче Алушовски е разочаран од играта во второто полувреме.

„Во првиот дел одигравме одлично, но на почетокот од вториот дел се појави некоја друга екипа на Еурофарм Работник. Недозволиво е вака да грешат искусни ракометари, репрезентативци. Знаевме дека најголемата опасност за нас доаѓа од Благојевиќ и Салихи, но денес Берлин ни создаде многу проблеми, ни даде многу голови од транзиција и мислам дека тоа го реши натпреварот.
Гледавме натпревари на Савехоф, знаевме како играат, но само со една акција во вториот дел го разбија нашиот дефанзивен ѕид. Ни преостанува да анализираме, за три дена ни следи нов натпревар во СЕХА лигата, а во Лигата на шампионите ќе се обидеме да победиме во третиот обид – изјави Алушовски на прес-конференцијата по натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот