Алушовски: Веспрем е фаворит, но тоа не значи дека сме без шанси!

Македонскиот ракометен тренер Стевче Алушовски/фото: Слободен печат/Драган Митрески

Вардар 1961 в четврток ќе го игра првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Веспрем. Средбата е од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Тренерот на „црвено-црните“, Стевче Алушовски ветува дека екипата ќе го даде максимумот во првите 60 минути против Унгарците.

– Прв натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Веспрем. Имаме уште два тренинзи да ги одработиме до почетокот на натпреварот. Ги анализираме ривалите, Веспрем е екипа која оваа година играше на Фајнал-фор во ЛШ, ја има фаворитската улога, но тоа не значи дека ние сме без шанси и дека лесно ќе се предадеме на овој двомеч.

ЕХФ не го гледа Вардар 1961 како четвртфиналист во ЛШ

Ние во финалето на СЕХА лигата оваа година игравме против Веспрем, таму останавме должни на нашите симпатизери за она што значи добар натпревар. Практично го загубивме мечот некаде во 40 минута. Мислам дека овој Вардар во овој момент е многу поквалитетен и повоигран од тоа што игравме на тој дуел во септември.

Ќе го дадеме максимумот доколку биде тоа доволно да се радуваме, а јас се надевам дека ќе биде доволно, зошто да не сега и во првиот натпревар, како и на реваншот. Тоа што играме пред празни трибини, ни на првиот натпревар, ниту на возвратниот, не значи многу. Ниту е предност, ниту е слабост тоа што играме прв меч на домашен терен.

Имавме еден добар континуитет во формата, одигравме еден добар натпревар со Мотор, како и против Еурофарм Пелистер, два тешки меча за нас. И вчера во еден ден имавме два натпревари во Купот на Македонија, сето тоа ја држи екипата во натпреварувачки ритам. Мислам дека сме доволно подготвени да одговориме на предизвикот Веспрем – се зборовите на Алушовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот