Алушовски: Веспрем е фаворит, но не излегуваме со бело знаме

фото: СЕХ А Лига/Anze Malovrh / kolektiff

Тренерот на Вардар кој вчеравечер преку пенал рулетот обезбеди пласман во финалето на фајналфорт турнирот во СЕХА лигата кој се игра во Задар, фаворитската улога му ја препушта на унгарскиот Веспрем.

Утрешниот натпревар помеѓу Вардар и Веспрем ќе биде трет во финалињата на СЕХА лигата, досегашниот скор е 1:1, а Стевче Алушовски иако фаворитската улога му ја препушта на унгарскиот тим, најавува жестока борба.

– Веспрем е фаворит во финалето, ние ќе направиме се за да се подготвиме најдобро што можеме. Сигурно е дека нема да излеземе со бело знаме, напротив ќе се обидеме да ги изненадиме. Во секој случај очекувам тежок натпревар во финалето – вели Алушовски.

Хрватот Ловро Јотиќ кој летово ги засили „црвено-црните“ на официјалната прес конференција во пресрет на утрешното финале изјави дека одбраната ќе биде клучот за победата.

– Сметам дека одбраната ќе биде клучна, одбраната и голманите. Знаеме се за играта на Веспрем и сигурен сум дека победникот ќе го одлучуваат ситниците. Ќе се подготвиме најдобро што можеме – вели Јотиќ кој го постигна голот во последните секунди со кој Вардар израмни против Загреб и го однесе натпреварот во пенал рулетот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот